© 2024 Mint Capital. All Rights Reserved.
Регистрирај се на следниот линк mintbonus.mk.
Дополнителен месечен приход во само неколку чекори.
Податоци за кореспонденција:
Телефон: +389 76303225
Е-пошта: [email protected]
Лице за контакт: Теодор Тодоровски
III. ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ
VII. ДРУГИ УСЛОВИ
Овие Општи одредби и услови се прифатени од МИНТ КАПИТАЛ ДООЕЛ Скопје.
Последна промена и ажурирање од 31.05.2022 година
Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на веб-страницата на P2P, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.
Ние сме посветени на чување на Вашите лични податоци приватни и безбедни. Сегашната Политика за приватност има за цел да Ве информира како и зошто ги обработуваме Вашите лични податоци во однос на:
Кои информации ги собираме и обработуваме?
P2P ги собира, користи, чува и обработува Вашите лични податоци кои се неопходни за извршување на нашата активност. За таа цел ги обработуваме следниве типови на лични податоци:
Доколку склучите договор за отстапување на побарување (цесија), информациите што ги собираме вклучуваат:
Податоците кои ги користиме се или директно обезбедени од Вас:
Податоците кои ги користиме се или директно обезбедени од Вас.: Имајте предвид дека дел од обработката на Вашите лични информации погоре е неопходна за да се регистрирате на нашата платформа и да склучите договор со нас . Ако не ги дадете Вашите податоци за идентификација и контакт, веројатно нема да можеме да Ви обезбедиме услуги. Зошто ги обработуваме Вашите лични податоци и по кој основ?
Ги обработуваме Вашите лични податоци врз основа на потпишана изјава за согласност за обработка на лични податоци од ваша страна, доколку склучите договор за отстапување на побарување (цесија) врз основа на закон за спречување на перење пари:
Личните податоци на корисниците ќе се користат и обработуваат во потребната мера за целите на објавените услуги, достапни преку платформата P2p.mk, во согласност со нормативниот ред и ќе бидат заштитени со технички и организациски мерки, во согласност со Законот за заштита на личните податоци
МИНТ КАПИТАЛ не продава, разменува или изнајмува лични податоци на трети страни. Личните податоци можат да се објавуваат само во согласност со законските прописи утврдени со регулативата за заштита на личните податоци, како и други важечки прописи. Со цел да ги исполниме нашите активности, можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со: даватели на услуги за пребарувачи, кои му помагаат на P2P платформата во подобрување и оптимизирање на веб-страницата (на пр. само технички информации); финансиски или судски органи, државни агенции или јавни органи, на барање и до степен дозволен со закон и одредени регулирани професионалци, компании за спречување на измама; ако сме обврзани да ги дистрибуираме или споделуваме Вашите лични податоци со цел да се придржуваме кон која било законска обврска или да се спроведе било каков договор со Вас или нашите добавувачи за да ги заштитиме правата, сопственоста, сигурноста на нашите клиенти или други, вклучувајќи ги и правилата за спречување финансиски тероризам и спречувањето на перење пари.
При определување на периодите на задржување на податоците, ги земаме предвид локалните закони, договорните обврски и очекувањата и барањата на нашите клиенти. Кога повеќе не ни требаат информациите, ние безбедно ги бришеме или уништуваме. P2P платформата ќе ги задржи Вашите информации само онолку колку што ни требаат и каде имаме легитимна причина да го сториме тоа. P2P ќе зачува лични податоци под одредени околности, како што се регулаторните барања, P2P можеби ќе треба да ги чува податоците за подолг временски период.
Имате право да:
Ако не сте задоволни со тоа како управуваме со Вашите лични податоци, имате право да поднесете жалба до регулаторот за заштита на податоците.
При склучување деловен однос со P2P платформата за користење на услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации преку пошта, e-mail пораки, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од P2P платформата. Овие комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите услуги од P2P платформата. Добивањето на известувања може да ги откажете во секое време, со поднесување на изјава во P2P платформата.
Ве молиме имајте предвид дека повремено може да ви испраќаме важни информации во врска со услугите на P2P платформата кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.
P2P има право да ја ажурира оваа политика за приватност во секое време. Кога ќе го сториме ова, ние ќе ја објавиме ажурираната верзија на нашата веб-страница со наведување на датумот на ажурирањето. Вие прифаќате дека е Ваша одговорност периодично да ја проверувате Политиката за приватност и сте свесни за промените.
Контактирајте нè
Ако имате прашања во врска со Политиката за приватност за лични податоци, практики или комуникација со страницата, Ве молиме контактирајте нè на: